Жугиќ: Уривањето на Универзална како компензација за 50 нови згради кај Треска

Господине градоначалник, скопјани не се согласуваат и апелираат да ја повлечете одлуката за уривањето на Универзална сала. Наместо уривање, Скопје и скопјани заслужуваат грижа и работа, проекти и капитални инвестиции преку кои градот убав ќе се развива како европска метропола, изјави денеска советничката на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје Јелена Жугиќ.

Универзалната сала која е симбол на солидарноста и хуманоста, спомен на илјадници Скопјани, градоначалникот Петре Шилегов сака да ја претвори во градежен шут, вели Жугиќ.

„Иако Шилегов и СДСМ со години играа на емоциите за старо Скопје, тие всушност брутално ги излажаа граѓаните и сега постапуваат спротивно од предизборните ветувања. Иако ветија дека Универзална сала повторно ќе блесне во полн сјај, дека ќе градат нова или ќе ја реновираат и реконструираат постоечката, сега по три години натегање со Министерството за култура и со Владата, повеќе од очигледно е дека сѐбило само дефокус од нивната вистинска намера. Градоначалникот на Скопје има намера Универзална сала да ја замени со монтажна сцена и парк во кој веројатно ќе насади трева од половина милион евра.

Шилегов ја излажа јавноста и дека предлог решението за парк го добил од Асоцијацијата на архитекти на Македонија, а ја излажал и самата Асоцијација кажувајќи дека Универзална сала ќе ја руши затоа што нема пари да ја реновира и реконструира поестоечката. Лага! Петре не пропушта можност, а да не спомене дека градската каса е полна. Очигледно е дека градскиот татко се расфрла со пари за сѐи сешто, а симболот на Скопје, храмот на културниот живот на скопјани децении наназад, за него и неговата партија нема никакво значење.

Градоначалникот треба да и одговори на јавноста дали зад рушењето на Универзална сала се кријат и некои бизнис интереси?

Имено, локацијата на салата е во истата градска четврт во која се наоѓа и кругот на поранешната фабрика Треска, каде со измена на градежниот урбанистички план, се планира да се изградат 50 нови згради. За да може стамбениот комплекс да се реализира ќе треба да биде застапен и соодветен процент на зеленило, па можеби ете процентот ќе биде исполнет со паркот на местото на концертната сала!? Дали Универзална сала станува жртва на бизнис интересите на градската и извршната власт“, прашува Жугиќ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе