Граѓанско незадоволство

Жителите на Трнодол поднесоа претставка до општина Карпош против новиот ДУП

Жителите на скопските населби Трнодол и Жданец денеска во општина Карпош поднесоа претставка против донесувањето на новиот Детален урбанистички план, според кој во Трнодол ќе се гради зграда. Граѓаните беа против начинот на кои им беше презентиран предлог Деталниот урбанистички план за градска четврт Ј03, блок 7. Тие со овој предлог воопшто не се согласуваат.

Координаторот на незадоволните жители од овие населби Фирдаус Неби вели дека вели незадоволството почнало кога јавната презентација на планот била закажана во период на годишни одмори, па затоа немало и јавна презентација, по што градоначалникот Стефан Богоев ја презакажа за во септември.

Жителите велат дека земјиштето во Трнодол е нестабилно и можно е пролизгување на земјиштето по евентуални долготрајни врнежи. Освен тоа тие се и против промената на влезот и излезот во наслебата Трнодол.

„Постојната улица „Трнодол“ се прекинува пред самиот влез/излез за приклучување на улицата „Козле“ со тоа што се формира нова парцела кај постојната КП. бр.5323 (поранешен сервис „Тотоле“), а влезот/излезот се пренасочува околу новата парцела за да биде преку улицата за влез/излез во населбата Жданец, па оттаму со вртење во десно да се овозможи приклучување на улицата „Козле“. Со ова максимално се усложнува пристапот и во двете населби, безбедноста на сообраќајот е сведена на нулто ниво, не само од аспект на автомобили, туку и посериозно, од аспект на интервентни и сервисни возила и при временски непогоди и природни катастрофи“, вели Неби.

Според новиот ДУП предвидено е и зголемување на катноста на градежните парцели П + 2 + Пк, односно висина на градежен венец 10,2 метри, намена А1, што значи четири станбени единици на една градежна парцела со што ќе се зголеми густината на населението, сообраќајот, оптеретување на постојната инфарструктура... кои и во постојната состојба претставуваат оптеретување, како и намалување на протокот на свеж воздух од Водно низ населбата и во долниот дел од скопската котлина, велат жителите.

Од општина Карпош пак, тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, и дека на т.н. „чатал“ ќе се гради нова зграда или пак дека каналот ќе се затвори ги отфрлаат како неточни.

„Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во  начинот на носењето на деталните урбанистички планови во Карпош. Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто, што за жал не претставуваше пракса во минатото“, велат од општина Карпош.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе