Жителите на скопската општина Ѓорче Петров се против градење висококатници

Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење денеска во Ѓорче Петров  одржа протест против бетонизација и градење десетици  висококатници предвидени со  деталните урбанистички планови од општината. Од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски бараат да не ги одобрува.

Жители на Ѓорче Петров денеска со возила половина час го блокираа кружниот тек во населбата во знак на револт против 20-ина ДУП-ови кои општината планира да ги донесе во текот на годинава.

„Во паркот во Ѓорче Петров се предвидени 15 згради со висина до 33 метри. Во Јурија се предвидени околу 20 згради со висина од 60 метри. Има висококатници спроти пазарот во Ѓорче, во Хром има 100 нови згради. Кај паркот во Ѓорче се предвидува 1.300 жители, во Јурија околу 4.000 нови жители, во Хром исто така“, изјави Горан Костов од иницијативата.

Тие бараат средба со министерот Бочварски и го повикуваат да не ги одобрува ДУП-овите. Ако не ги сослуша, ќе бараат помош од премиерот Зоран Заев, а најавија дека ќе организираат и нови протести.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе