Жителите на Ново Маало со петиција бараат да се гради комплексот кај Холидеј Ин

Жителите на Ново Маало денеска поднесоа петиција до Владата и до Општина Центар со која и официјално бараат да се постапи согласно законите и да се овозможи изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на Холидеј Ин. На петицијата има над 330 потписи од жители на Ново Маало, но и соседи од Градски ѕид и други граѓани. 

„Ова го бараме, затоа што, за прв пат по децении талкање низ лавиринтите на системот, семејствата кои живеат во услови како од 19 век, конечно добиваат можност за достоен живот. Со оваа петиција, даваме поддршка и на инвеститорот кој нуди обесштетување на семејствата, а преку истата, најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот.

Сметаме дека никој нема право да одлучува за тоа како ние ќе живееме. Нема да дозволиме заради нивните неразумни барања да останеме да живееме во супстандардни услови, прокиснати кровови, септички јами, нерешено греење и депонија за отпад. На сите оние кои реагираат дека овој простор ќе стане бетонска џунгла и заслужува зеленило, им укажуваме дека сега освен калдрма по сокаци, кал до колена и распукан бетон на паркинг нема ништо друго“, велат жителите на Ново Маало.

Тие бараат Опшина Центар или која било друга институција „воопшто да не помислува да го суспендира планот“. А ако тоа се случи, тие се подготвени да излезат на протест, бидејќи, како што велат, никој никому не смее да ускратува право на нормален живот, за кој тие со години се борат.

„А тие кои бараат планот да се суспендира нека дојдат да живеаат во нашите трошни куќи, кои не можевме ниту да ги реновираме, со задоволство ќе се замениме со нивните удобни станови“, порачуваат новомаалци.

Тие уште додаваат дека ова апетиција е последно известување до институциите и дека се подготвени да ги преземат сите правни механизми.

„Ако некој со суспензија ни ги загрози правата ќе поднесеме колективна тужба за претрпена огромна штета од 1930 до 2021 година, ако треба и до Стразбур. Дополнително, ќе поднесеме пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината“, велат жителите на Ново Маало.

 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе