По иницијативата за стопирање на планот за голем комплекс кај „Холидеј ин“

Жителите на Ново Маало разочарани од соседите во Градски ѕид

Ние жителите на Ново Маало целосно сме разочарани од нашите сограѓани, нашите комшии што живеат во Градски ѕид, кои поднеле иницијатива за стопирање на градбата кај „Холидеј ин“, со што директно сакаат да нѐ спречат да го решиме нашиот долгогодишен проблем, велат во соопштение за медимуите дел од жителите на старата скопска населба каде што треба да се гради голем станбено-деловен комплекс. Вчера преку соопштение станарите од Градски ѕид ги повикаа институциите да не дозволат изградба на таков комплекс во нивна близина.

„Крајно несовесно е тие од удобноста на своите домови, кои патем исто така се наоѓаат во високи кули, да покренуваат постапки со кои ние не можеме да си го реализираме нашето загарантирано право. Сакаме да ги потсетиме дека кога нивните кули се градеа пред 50 години, тие доаѓаа кај нас да им помагаме, земаа вода и добиваа поддршка на секој начин“, се вели во соопштението.

Станари од Ново маало велат дека овој гест на себичност е за секоја осуда и се додава дека нивното право на ниеден начин не се нарушува, но затоа се нарушува правото на жителите на трошните куќи од Ново маало.

„Тие на ниеден начин нема да бидат оштетени, но ние да. Бараме итно да се повлечат од таа иницијатива и да покажат хуманост и доблест. Понатаму, сакаме да ја информираме јавноста, дека во моментов собираме потписи за петиција која во понеделник ќе ја доставиме до сите надлежни институции. Ние имаме права како и сите други граѓани, а повеќе од 50 години не можеме да ги оствариме. Ние имаме право на живот во нормални услови, токму како оние кои секој ден се бунат против нас. Оваа битка ќе ја продолжиме до крај и со сите можни средства“, се порачува на крајот од соопштението.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе