O2 коалиција

Жителите на Македонија не се четири пати поотпорни на аерозагадувањето од европските

Граѓанска иницијатива О2 коалиција за чист воздух не се согласува со предлогот на Министерството за животна средина за праговите на информирање и алармирање за аерозагадувањето со ПМ10 честички.

Граѓанските организации сметаат дека тие граници треба да бидат многу пониски од oнa што на 9 ноември го предложија од министерството.

Во недостаток на мерки кои ќе владеат во тек на целата критична, грејна сезона, првенствено за Скопје, од 15 октомври до 15 април, сметаме дека единствено нешто што останува како некаква можност за реагирање од локалната власт и задолжително спроведување на краткорочните меррки се токму праговите на информирање и алармирање за ПМ10.
Праг на информирање за ПM10 ги дефинира пониските концентрации, кои, откако ќе бидат надминати се ризик за човековото здравје при краткотрајна изложеност и е потребно навремено информирање на ранливата категорија граѓани, децата, хронично болните, бремените жени, постарите лица. А праг на алармирање за ПМ10 е кога концентрациите достигнале ниво и времетраење, при што и кратка изложеност носи голем здравствен ризик за целото население и согласно законот веднаш стапуваат во сила итни мерки кои, во најбрз можен рок, ќе го намалат нивото до дозволеното.
„Неопходно е алармантната состојба да биде прогласена соодветно реалноста и опасностите по здравјето по секој жител, а не соодветно на избегнувањето на бројот на вклучувања на тој аларм. Ако Скопје не може да донесе сет мерки кои ќе важат во тек на целата грејна сезона, тогаш прагот ќе мора да ја отсликува реалноста на загадувањето со ПM10, а не да ја избегнува истата. Како граѓани на едни од најзагадените градови во Европа, нашето барање доставено до Владата е според препораките на СЗО, ЕЕА и по подобрите европски примери", велат од оваа граѓанска иницијатива.

Тие сметаат дека прагот на информирање за ПM10 честичките треба да биде 50 μg/m3, а никако повисок од 75 μg/m3, два дена последователно. А прагот на алармирање да биде поставен на 70 μg/m3, но не повисок од 100 μg/m3, два дена последователно.
Граѓанската иницијатива О2 коалиција за чист воздух, не се согласува со предлогот на Министерството за животна средина.
Министерството смета дека прагот на информирање да биде 100 μg/m3 два дена последователно, а прагот на алармирање 200 μg/m3 со намалување до 150 μg/m3 до 2022 година, два дена последователно.
Да бидат надминати праговите постојат дополнителни услови, предлагаат од министерството. А тоа се овие вредности да бидат измерени на 50% од поставените мерни станици во градот и добивање на прогноза за стабилна временска состојба во нареден период.
Препораките на Светската здравствена организација е изложеноста на ПМ10 честичките да не е поголема од 20 μg/m3 годишно со максимално 3 дена годишно над 50 μg/m3, без дополнителни услови.

 

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе