Посветеност кон животните во скопската Зоолошка

Жирафите Флопи, Каспер и Тебого јадат по 50 килограми јаболка дневно, за Василица добија специјален оброк

Флопи, Каспер и Тебого, трите жирафи од Зоолошката градина во Скопје, денес, на Василица, добија специјални лепчиња со нивната омилена храна. Нивниот дресер Ристе Трајковски, кој е со нив од самиот почеток, утрово им направи оброк со лепче на кое беа исечкани јаболка, кромид, праз, овес, пченка и јачмен.

Фотографијата со подготвениот оброк за трите жирафи Трајковски ја сподели и на Фејсбук, нарекувајќи ги свои „убавци" и на животните им посака да му се живи и здрави уште долго.

Трите животни во еден ден јадат 40 килограми јаболко, 20 килограми морков, 20 лепчиња, 5 килограми кромид, 3 килограми праз, 9 килограми палентирана храна, 9 килограми овес, 6 кила пченка, 6 кила јачмен и 3 бали детелина од по 20 килограми.

Вода пијат од специјално направени поилки, кои по потреба постојано им се дополнуваат со свежа вода. Флопи, Каспер и Тебого се стари 10 години, а во зоолошката во Скопје дојдоа кога имаа 3 години.

Зоолошката градина во Скопје веќе седма година по ред им е дом на овие убавци. Љубовта и емоциите што ги споделуваат со нивниот дресер Трајковски, кој е постојано со нив, беше прикажана и на фотографии што беа објавени како во македонските, така и во странските медиуми. Трајковски вели дека е многу поврзан со нив, а и тие со него.

„Тие се многу питоми и мили животни. Јас сум со нив од самиот почеток. Се галат буквално како деца и возвраќаат на моето внимание, кое неизмерно им го посветувам. Со задоволство ги чувам и едноставно ги обожавам, а и тие мене", вели Ристе Трајковски.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе