Жичарницата во вторник ќе работи, а автобусите ќе возат по неделен возен ред
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека во вторник 24.05.2022 година, поради државниот празник 24 Мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а дежурни ќе бидат три билетарници. Од 7 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.
Во вторник, Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, а во понеделник објектот нема да работи.