Општина Центар

Жерновски денеска на средби со г.г. Стефан и со Асоцијацијата на архитекти

Андреј Жерновски, градоначалникот на скопската општина Центар претпладнево ќе се сретне со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Од вчерашните протести пред општина Центар

Главна тема на средбата ќе биде изградбата на црквата Св. Константин и Елена и незадоволството на граѓанската асоцијација „Веритас“ кои и вчера демонстрираа пред просториите на општината против можната одлука на советниците за промена на урбанистичкиот план во тој дел од Центар. Жерновски неколку пати изјави дека нема да стопира и урива веќе почнати објекти.

По средбата во МПЦ, Жерновски ќе разговара и со претставници на Асоцијацијата на архитектите на Македонија кои за во петок закажаа протести против избраното бароконо решение за реконструкција на фасадата на Градскиот трговски центар во општина Центар.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе