ДКЦ „Карпош“

Земи, прочитај, врати - куќарки со книги на три локации низ Скопје

Детскиот културен центар „Карпош" и град Скопје на три локации низ главниот град поставија улични библиотеки од кои граѓаните ќе можат да позајмат книги и да ги вратат откако ќе ги прочитаат. Локациите на кои се поставија библиотеките се дворот на Детскиот културен центар „Карпош", Градскиот парк и паркот „Ибни Пајко".

„Земи книга додека си во парк. Прочитај додека си таму и врати ја“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Покрај тоа што ќе можат да подигаат книги, граѓаните слободно ќе можат и да оставаат книги во овие улични библиотеки, кои би сакале да ги споделат со другите.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе