Зелен хуман град со предлози за развој на Скопје и подобра животна средина

Вкупно 31 проект за одржлив и праведен развој на градот, поднесоа вчера од иницијативата Зелен хуман град на Граѓанскиот буџетски форум што се одржа симболично на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Годинава, за разлика од претходниот Граѓански буџетски форум, вклучени беа и три најгласани предлози од платформата за директна демократија МојГрад. Вкупниот износ потребен за реализација на сите поднесени предлози од четиринаесет активистички групи е некаде околу една милијарда денари, што претставува една седмина од целосниот буџет на Град Скопје.

На самиот форум своите предлози ги образложија Ана Петровска, НаТочак, Хумани градови, ЕдуАктив Орг, Е.Д.Е.Н., Ајде Македонија, Мама Органа, Биди Зелен, Меѓаши, Мој Воздух, Културно Ехо, Ромалитико и Полио плус. Предлозите вклучуваат инвестирање во фотоволтаична централа; субвенции за фотоволтаични системи; обезбедување енергетска ефикасност на објектите под надлежност на Градот; довршување на Зелениот катастар и конципирање Стратегија за развој на зеленилото во Скопје што ќе послужат како основа за заштита на зеленилото при изработката на претстојниот Генерален урбанистички план на Скопје; локална хипермрежа од мерни станици за аерозагадување; противпожарна станица во Шуто Оризари; воспоставување општински биокомпостари; градска народна кујна; оптимизирање на велоинфраструктурата; изработка на стратешки документ Визија нула; редовен ден без автомобили; примарна селекција на пластика и хартија во домаќинствата; работилница за рециклирање на отпадна пластика; пасивни училишта; стратегии за лица со попреченост и за унапредување на правата на децата; студија за пренамена на напуштениот индустриски комплекс „Купрум“ во студентски град; урбани градини во училишта; субвенции за стерилизација/кастрација на (вдомени) бездомни животни; трансформација на скопската Зоолошка во центар за рехабилитација и конзервација на диви автохтони видови животни; заменување на коњите со еко-превозни средства; куќарки за бездомни животни.

Голем дел од предлозите беа доставени и на минатогодишниот Граѓански буџетски форум, но минатото раководство немаше никаков слух за нивна реализација иако доминантно се работи за зелени инвестиции со кои не само што ќе се влијае на намалување на сиромаштијата, туку  ќе се обезбеди повисок квалитет на живот во целина.

В понеделник, 15 ноември, советниците од Зелен хуман град, Драгана Велковска и Горјан Јовановски, ќе ги поднесат предлозите за зелено и хумано Скопје и официјално во писмена форма преку архивата на Град Скопје.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе