Зелен хуман град против идејата на Лајка кучињата скитници да ги смести во затворот Идризово

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град реагира по најавите дека ЈП Лајка ќе ги затвора бездомните кучиња во затворот во Идризово и најавува тужби против одговорните за овој  „нехуман третман на кучињата“.

„По многубројните реакции од граѓани за држењето во заложништво на кучиња со сопственици, по ловењето веќе истретирани кучиња со маркици, сега в.д. директорката на ЈП Лајка сака да затвора бездомни кучиња во КПД Идризово каде што според сите извештаи од македонски и странски набљудувачи, како и според Годишниот извештај од Народниот правобранител за 2019 година нема услови ни за престој на луѓе. Ако во КПД Идризово нема услови за престој на луѓе, сигурно нема услови за згрижување на бездомни животни“, реагираат од Зелен хуман град.

Предлог-проекти од ваков обем и карактер, финансирани од јавни пари, според Зелен хуман град, без исклучок треба да се базираат на претходно изработени студии и детални анализи кои говорат за финансиската оправданост на проектот, како и долгорочниот придонес кон решавање на проблемот со бездомните животни со имплементација на ваква програма.

„Ни Град Скопје, ниту општината Гази Баба, ниту ЈП Лајка направиле некаква студија или анализа со кои би требало да го поткрепат понуденото решение. Со кои јавно објавени анализи граѓаните се информирани дека трајното згрижување на бездомните животни ќе го намали нивниот број кога во самата годишна програма за работа на ЈП Лајка е наведено дека група кучиња на дадена локација самостојно се штити од прилив на нови единки“, се вели во реакцијата на Зелен хуман град во која се додава дека тие се против плановите за затворање на бездомни кучиња во затворот Идризово.

„Најавуваме дека ќе ги преземеме сите правни дејства кои ни се на располагање против сите службени лица кои ќе го прекршат законот со реализирање на оваа сурова замисла, која е производ на комплетно непознавање на политиките за хуман третман на бездомни животни, но и производ на непочитување и неспроведување и на постојните програми и стратегии кои самото јавно претпријатие Лајка ги усвоило. Единствената стратегија која дава резултати и која гарантира ефективна контрола и хуман третман на бездомните животни е масовна стерилизација/кастрација преку програмата залови-стерилизирај-вакцинирај-врати, ригорозна контрола над одгледувачи и размножувачи на животни, како и над несовесните сопственици кои ги напуштаат своите миленици или ги фрлаат малите штотуку родени кученца“, предлага Зелен хуман град.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе