АПЕЛ

Здружение од Словенија нуди награда за претепаниот пит-бул во скопски Чаир (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

Претепаното куче во скопската населба Чаир, за кое здружението Анима мунди веќе информираше, сѐ уште не е пронајдено, а неколку меѓународни здруженија веќе даваат и награда за пронаоѓање на кучето.

Здружение од Словенија алармира и нуди награда од 500 евра за да се пронајде кучето од Чаир, кафеав пит-бул, кое неделава, среде бел ден било тепано со шипки и палки откако наводно нападнал коњ. Тепан е, велат сведоци, така дивјачки, со палки, со употреба на електро шокови за да потоа, така немоќен, осакатен, додека цвилел, бил заврзан за нога на дрво, по што кучето повеќе не е видено.

Здружението за заштита на животните Анима мунди добило бројни повици од меѓународни здруженија со апели кучето да се најде и да му се помогне. „Завод Пит“, силна меѓународна организација за заштита на кучиња злоставувани во борби (лоцирана во Словенија), поддржана од организации од Германија, Англија , Австрија, нуди 500 евра награда за секој кој ќе каже каде е ова куче.

„Според нашите податоци, кучето било однесено во стационар, по што му се губи секоја трага. Во Вардариште кучето воопшто не е ни евидентирано. Некогаш животните во Вардариште  не се ниту број! Додека нашите надлежни институции инертно молчат, организации за заштита на кучињата злоупотребувани за борби од целиот свет го обелоденуваат срамот и бруталноста која со децении се толерира во Македонија - одгледување на кучиња за борби и мачење на пит-булите, кангалите, шарпланинците и сите други видови кои најчесто се жртви на желбата за профит на криминалци и садисти – багра која во нашава држава се толерира! 

Почести се казните за неносење на куче на поводник, за неносење маска на мирен миленик,  отколку казните за оние кои организираат, одгледуваат, учествуваат и заработуваат од несреќни кучиња, крвнички злоупотребувани за борби! Љубители на животни се казнуваат, додека криминалот се толерира! Деновиве државните институции ќе се соочат со тужби и кампањи против криминалот со борбите со кучињата“, соопшти здружението за заштита на животни Анима мунди.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе