Град Скопје

Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје

Екипи на град Скопје вчера ги завршија градежните активности за реконструкција на дилетации на мостот Гоце Делчев во двата правци и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено.

Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток на 9 јули. За време на градежните активности на овој потег беше воспоставен привремен сообраќаен режим.

 

Со овој тип на реконструкција на дилатационите спојки на мосот,  градежен зафат кој не беше изведен на мостот во изминатите 13 години, значително се зголемува безбедноста на мостот, соопшти град Скопје.

 

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе