Градот се пофали

Заврши „Градежната офанзива“ со нов асфалт од 40 километри

Прес - службата на Град Скопје денеска испрати соопштение во кое се нагласува дека е завршена граадежната офанзива за 2020 годона, со 15 реконструирани улици и булевари и со нов асфалт во должина од 40 километри.

Во соопштението се вели:

„Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.

Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово.

Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици.

Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот.

Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови“.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе