Хоспитализирани на Универзитетската клиника

Затруените со чад во пожарот во Кисела Вода се во стабилна општа состојба

Единаесет лица затруени со чад во вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода, се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија и се во стабилна општа состојба, информираат денеска од Клиниката.

„Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми“, изјави денеска д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Инаку, меѓу хоспитализираните пациенти има четворица пожарникари.

Највозрасниот пациент е на 74-годишна возраст, додека најмладиот на 26-годишна возраст.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе