ЈП Водовод и канализација - Скопје

Заштити го водоснабдителниот и канализацискиот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности во рамки на основната дејност на претпријатието, секојдневните активности за подобрување и унапредување на водоводната и канализациската мрежа во град Скопје, како и имплементацијата на стандардот ISO14001 - Систем за управување со заштита на животна средина, спроведува и општествено одговорни активности.

Во рамки на спроведување на општествено одговорните активности, ЈП Водовод и канализација – Скопје на почетокот на месец август 2020, во знак на одбележување на Светската недела на водата (24 – 28 август), ја почна кампањата насочена кон подигнување на јавната свест за заштита на водоснабдителниот и системот за одведување на урбани отпадни води под мотото „Биди одговорен, однесувај се совесно“.

„Кампањата ја насочивме кон јавноста, од која сите сме дел, посочувајќи ги грешките кои се прават и последиците со кои се соочуваме како резултат на тие грешки; истакнувајќи ги факторите кои влијаат врз системите, начинот на кој влијаат и што ние како поединци можеме да направиме за да ги заштитиме. Сакаме и работиме на поткревање на јавната свест за одговорност и совесно однесување со цел постигнување на долгорочни промени во секојдневните навики, заштита на општествената и животната средина“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Овој дел од кампањата го завршуваме заедно со вас граѓаните, вашите и наши совети за заштита на водоснадителниот и системот за одведување на отпадни води.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе