Засадени нови 18 јапонски цреши за обновување на дрворедот на „Максим Горки“

Во рамките на есенската сезона на садење денеска на улица ,,Максим Горки” беше засаден дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонски цреши, како донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во земјава.

„Интензивно работиме на зголемувањето на зелените површини во Скопје, а оваа есен посебно внимание посветивме на обновување на постојните и формирање на нови дрвореди кои му се потребни на нашиот град. Ме радува фактот што дополнително многу општествено одговорни компании покажаа интерес за донации во делот на градското зеленило, што е само уште еден доказ дека сé повеќе се крева свеста за значењето на зелените површини за животната средина во градот“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Според директорот на ЕБОР Северна Македонија, Анди Аранитаси, овие дрвја ја симболизираат нивната релација со градот, и придонесуваат за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје.

„Ова е приоритет за ЕБОР, кој веќе има инвестирано во поддршка на плановите на Градот за почист јавен превоз и работи со градските и општинските власти на Акцискиот план за Зелен град, кој воедно ќе понуди систематски решенија за нови инвестиции и политики“, рече Аранитаси.

Град Скопје во рамките на есенската сезона на садење предвидува уредување на повеќе нови зелени површини и обновување на неколку стари зелени површини на различни локации во градот. Во текот на изминатиот период е оформен дрворед пред објектот на Пошта, а се засадуваат и нови садници на плочникот пред ГТЦ.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе