Само изјава на генералниот секретар на Град Скопје

Зарем дојдовме микрофони да држиме, му рекоа новинарите на Глигоров, кој не сака прашања

Зоран Глигоров, генерален секретар на Град Скопје со лист хартија се појави пред новинарите, најави дека ќе даде куса изјава, ги обвини приватните превозници за политичка блокада на градот, ја повика МВР да најде решение за блокадите, истакна дека има голем интерес за јавниот повик за нови превозници и на крајот не сакаше да одговара на новинарски прашања „поради обврски“. „Зарем дојдовме само да држиме микрофони“, рекоа новинарите, но и на тоа Глигоров не реагираше и замина.

„Нема застој во вршењето на јавниот превоз поради ЈСП, нашите автобуси редовно возат, но проблемот се наоѓа во блокадите на крстосниците кои имаат лична и политичка заднина. ЈСП има капацитет и работи во полна кондиција, затоа го повикуваме МВР да реагира согласно законски овластувања и да преземе мерки бидејќи поради одреден приватен личен интерес штета трпат Градот и граѓаните", рече Глигоров.

Тој побара новинарите да му постават прашања на електронска пошта, а новинарите протестираа и рекоа дека повеќе нема да дојдат да бараат изјава зашто нема да можат да очекуваат дека ќе можат да поставуваат прашања.

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе