Запалени три контејнери на Бит Пазар

Вечерва непознати сторители опожарија три контејнери за отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков" во близина на Бит-пазар. Опожарените контејнери беа со зафатнина од 3,2 метри кубни и се целосно уништени и неупотребливи," соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Информира дека опожарените контејнери веднаш ги замени со нови за да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад.

„Ова е трет случај годинава од страна на непознати сторители да бидат опожарени садови за одлагање отпад на истата локација,“ велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и упатува апел до МВР во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе