Заостанатите сметки за вода и смет, без камата може да се платат до утре

Заостанатите сметки за вода и смет без камата до граѓаните на Град Скопје можат да ги платат до утре, петок, 28 јуни, потсетуваат од јавните претпријатија Водовод и канализација-Скопје и Комунална хигиена-Скопје.

„ЈП Водовод и канализација - Скопје и ЈП Комунална хигиена - Скопје ги известуваат корисниците коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет, тужен и редовен, дека имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање се до 28 јуни.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година. Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот“, информираат од двете претпријатија.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе