Заборавените деца во автомобилот во Ново Лисиче, сместени во згрижувачко семејство

Меѓуопштинскиот Центарот за социјални работи привремено во згрижувачко семејство ги згрижи децата кои синоќа беа оставени во автомобилот во Ново Лисиче.

Од Центарот велат дека е во интерес на децата да се згрижени безбедно и да ја добијат потребната нега.

„Стручниот тим смета дека во моментов најдобар интерес на децата е да бидат сместени на безбедно место каде што ќе ја добијат потребната грижа нега  и психосоцијална подршка. Значи ова значи времено сместување на безбедно место, а во однос на родистелското право ќе треба да ги комплетираме потребните документи да се консултираме и во Министерството за внатрешни работи и со основното јавно обвинителсто да видеме со кој факти и докази располагаме“, изјави за МИА директорката  на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Наташа Станоевиќ.

Таа додаде дека стручен тим ќе работи и со родителите на децата и тој ќе треба да ги оцени нивните родителски капацитети. Таа проценка, заедно со другите информации ќе бидат основа врз која ќе биде донесена евентуална одлука за одземање на родителско право.

Две деца синоќа околу 22 часот беа најдени оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје.

„На 28 август околу 21:50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники 'Мајка Тереза’“, информираа од МВР.

По презмени мерки, полициските службеници ги пронашле Т.Т. (44) и М.Н. (35), родители на децата. За случајот полицијата го известила јавниот обвинител и се работи на расчистување на случајот. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе