За викендот на Водно изречени вкупно 76 казни

Градските комунални редари, во рамки на засилените контроли за непрописното паркирање на Водно, изрекле вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела).

„За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини. Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Оттаму апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе