Поради градежни работи

За сообраќај затворена крстосницата кај Собранието на Македонија

Град Скопје известува дека почнувајќи од утрово поради изведување градежни работи за сообраќај е затворена крстосницата кај Собранието на Македонија, во центарот на градот. Станува збор за крстосницата меѓу улиците „11 Октомври" и „Даме Груев".

Оваа крстосница се очекува повторно да биде пуштена за сообраќај во понеделник во попладаневните часови. За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата „Даме Груев" кон улицата „11 Октомври" и десното вртење од улицата „Филип Втори Македонски" кон улицата „Димитрие Чуповски".

Градскиот автобуски превоз ќе се движи по улиците „Даме Груев" и „Филип Втори Македонски".

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе