Општина Центар

За „Шпански скали“ активирана е банкарската гаранција, во општинската каса се вратени околу 100.000 евра

Согласно Договорот за отуѓување на земјиштето склучен 11 ноември, 2013 година помеѓу Министерството за транспорт и врски и ДТПУ Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје за изградба на тн. „Шпански скали“., Амадеус Девелопмент биле обврзани да добијат одобрение за градење на предвидениот објект од Општина Центар во рок од 9 месеци од извршената солемнизација, а тој рок истекол на 20.08.2014, информираат од општина Центар. До Амадеус Девелопмент ДООЕЛ Скопје, доставена е изјава за едностраното раскинување на договорот и активирана е банкарската гаранција со која во општинскиот буџет се вратени 6.169.500 денари, односно околу 100.000 евра.

Општина Центар сепак, на Амадеус Девелопмент им издава одобрение за градење дури на 28.7.2015 година, правосилно на 12.8.2015 година, чие барање за издавање е со задоцнета дата на поднесување. Согласно одобрението, Амадеус Девелопмент имале рок не подолг од 6 години за изградба на објектот, односно не подоцна од 12.8.2021. Со решение од 12.5.2020, градоначалникот Богдановиќ го прогласува одобрението за ништовно. Жалбата на Амадеус Девелопмент до второстепената комисија при Министерството за транспорт и врски е одбиена како неоснована, затоа што биле должни да почнат со градба најдоцна до 12.8.2017, односно најмногу 2 години од правосилноста на одобрението. Согласно склучениот договор, доколку купувачот не исполни дел од обврските од истиот договор и не ги испочитува утврдените рокови, договорот од страна на продавачот се раскинува и земјиштето се враќа во негова сопственост, односно во сопственост на Општина Центар“, појаснуваат од општината. 

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе