За седум дена казнети 326 возачи за непрописно паркирање во општина Центар

Вкупно 326 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот биле санкционирани од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.

„Во периодот од 14 до 20 октомври, со помош на „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 154 непрописно паркирани возила, од кои три несовесно паркирани возила на паркинг места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 172 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

Оттаму повикуваат да се почитуваат сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе