Време

За новогодишната ноќ студено со силен северен ветер

Утрово во земјава најстудено беше во Маврово каде се измерени -12 степени целзиусови и Лазарополе -11 степени, а најтопло во Гевгелија 0 степени целзиусови.

 Во текот на денот, времето ќе биде претежно сончево, а кон крајот на денот ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје сончево, попладне со појава на мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе