Општина Центар

За кривичната пријава за катната гаража во центарот на Скопје нема одговор, граѓаните на протест

Општина Центар уште во 2015 година поднела кривична пријава за катната гаража на инвеститорот „Никофон", од Јавното обвинителство одговор нема, па изградбата на објектот може да почне. Жителите од околните згради вчера пак излегоа на улица.

И оваа катна гаража е дел од неизградениот дел на проектот „Скопје 2014“. Оспоруваниот план за изградба на катна гаража на паркингот кај „Авто Македонија“ од пред два дена е важечки и инвеститорот може да почне со изградба. На вчерашниот протест, заедно со граѓаните излезе и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ кој го повика обвинителството да преземе чекори за да го спречи градењето на 29-метарска катна гаража.

Богдановиќ кажа дека на кривичните пријави кои во 2015 година ги поднесоа граѓаните против ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник, Владимир Тодоровиќ и експремиерот Никола Груевски, на кривичната пријава за злоупотреба на службата должност на општина Центар одговор од Обвинителството за организиран криминал и корупција нема.

„За нас како општина спорен ни е самиот договор, самата јавна објава и лицитација. Согласно уредбата за продажба на јавно земјиште, цената се формира според намената. Тука имаме 70% компатибилно, односно, изградба на катна гаража и 30% изградба на деловен простор. Ако се земат цените од уредбата, треба да дојдете до некоја почетна цена од околу 5.000 денари, а овде почетната цена била 1.800 денари. Со самото тоа целиот јавен повик треба да биде ништовен и да нема договор, а со тоа паѓа и одобрението. Ние откога го преземавме земјиштето, ги добивме и предметите кои беа веќе завршени и покренавме постапки за основано сомневање за оштетување на буџет и за злоупотреба на службена положба до Јавното обвинителство и чекам одговор“, вели Богдановиќ.

По барање на сегашниот сопственик на земјиштето, паркингот го чува и полиција.

Во 2015 година, кога граѓаните поднесоа кривична пријава против поранешните функционери, рекоа дека се спремни да го обештетат инвеститорот и да ги исплатат парите, само да не се гради барокна гаража на тоа место.

Општина Центар тогаш со одлука на Советот забрани градежни активности на просторот кој се наоѓа меѓу улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Македонија“, одлука која дојде со цел цел да се преземе нешто за да се спречи изградбата на катна гаража на „Никофон“.

На локацијата за катна гаража сега има паркинг за жителите од тој дел на центарот на Скопје, кој е густо населен. Граѓаните очекуваат да се издејствува паркингот да остане недопрен, бидејќи деветкатницата ќе го загуши и онака малиот празен простор таму, но и поради фактот што на неколку метри од просторот веќе има изградена и функционална катна гаража.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе