ЈП Комунална хигиена - Скопје

За една ноќ запалени два нови, шест од старите контејнери (ФОТО)

Два новопоставени контејнера со зафатнина од 3,2 м3, биле опожарени во текот на изминатата ноќ на главната улица во населбата Ѓорче Петров.

 

Во истиот период се запалени и шест пластични контејнери од 1,1м3 во населбата Ново Лисиче.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и за време на изминатиот викенд се соочи со ваков инцидент во скопската населба Радишани, каде што изгореа три контејнери од 1,1 м3 и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло.

„Опожарените садови се целосно уништени и неупотребливи. Веќе имавме случај на еден опожарен нов контејнер на улицата Рузвелтова, а во текот на минатата ноќ изгореа уште два нови и шест од старите садови за одлагање на отпадот. Покрај значителната финансиска штета што е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти предизвикуваат големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад. Апелираме да престане вандализмот и  уништувањето на контејнерите, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање на отпадот се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе