За една недела во Скопје со „пајак” кренати 224 возила

Изминатата недела, од 17 до 23 јануари, во Скопје со „пајак” се подигнати 224 возила од јавните површини. Од нив 36 биле кренати од зонските паркиралишта, а останатите 188 возила поради паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Како што соопшти Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 412 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возила се отстранети со „пајак”, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Исто така, апелираат сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат казнети и да не им биде поставен блокатор на тркалото.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе