За една недела во Центар „пајакот“ кренал 92 возила, а на други 92 поставен „блокатор“

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционирале 184 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 10 до 16 август со помош на специјалните возила ‘пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 92 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на паркинг место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство ‘блокатор‘ санкционирани се 92 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, соопштија од ЈП ПОЦ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе