За една недела во Центар пајакот кренал 173 возила, блокатор бил поставен на 88

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 17 до 23 февруари со ‘пајак‘ на ЈП ПОЦ отстранети се 173 непрописно паркирани возила, а со поставување на ‘блокатор‘ санкционирани се 88 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, пишува во соопштението од ЈП ПОЦ.

Оттаму најавуваат дека заедно со Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе