Во периодот од 23 до 29 ноември со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар порачуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општина Центар и потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.