Во Скопје

За една недела со „пајак“ отстранети 264 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 264 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 215 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија денеска од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 357 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалот.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе