СИЛНА СЕИЗМИЧКА АКТИВНОСТ ВО СКОПСКО

За два дена 16 пати се тресеше тлото во Скопје

Во неделата биле регистрирани 12 земјотреси, а вчера 4, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Најсилниот земјотрес беше регистриран во неделата во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје. Во неделата во 7 часот наутро беше регистриран земјотрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Сите овие земјотреси беа со епицентар во скопското подрачје.

Вчера вечерта скопјани почувствуваа два последователни земјотреси во 19.53 часот - првиот земјотрес беше со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје. Вчера во 11.50 и 14.19 беа почувствувани земјотреси со магнитуди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Сеизмолозите велат дека сите овие потреси се нормална појава како дел од процесот на смирување на тлото.

Во овие два дена потресите на земјиштето предизвикаа помали материјални штети, оштетени преградни ѕидови, паднати оџаци и малтер, помали пукнатини. Лекарска помош за помали повреди и скршеници побарале стотина граѓани.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе