Координативен состанок во Град Скопје

За чистење на депониите разговарале градоначалниците од Скопје на првиот состанок по изборите

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која претседавала со состанокот, кажала дека по подолго време е одржан состанок со присуство на сите десет градоначалници од територијата на Градот, нагласувајќи дека редовното состанување не било пракса на нејзиниот претходник Петре Шилегов. Таа најави координативни состаноци најмалку еднаш месечно, а прва тема денеска бил проблемот со депониите и нивното чистење.

Во соопштението од Град Скопје се вели дека се разговарало за координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт за акција за чистењето на депониите.

„Денеска за првпат после долг период заседаваше Координативното тело на градоначалници од градот Скопје, што изминатиот период беше изоставено како пракса од страна на претходниот градоначалник. Координативното тело ќе се свикува согласно Закон најмалку еднаш месечно, а по потреба и повеќе пати со главна цел изнаоѓање на конкретни решенија за проблемите што граѓаните ги сметаат за приоритетни", истакнала на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

Во соопштението се вели дека до следната седница ќе се изготви и акциски план со конкретни рокови и ќе се започне со нивна реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен.

Во меѓувреме ќе се направи план за отворање на расправа за Генералниот урбанистички план и ставање на функција на Зелениот совет на град Скопје.

„Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзо решавање на проблемите, некои од нив се поврзани меѓу општините, затоа неопходна е координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија", кажала Арсовска.

Во соопштението се додава дека Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и ќе се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија.

На седницата присутни биле сите десет градоначалници на општините под надлежност на град Скопје - од Ѓорче Петров, Сарај, Карпош, Чаир, Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе