ЈСП „Скопје“

За „Бела ноќ“ бесплатен автобуски превоз во Скопје

Ве информираме дека по повод манифестацијата „Бела ноќ", користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно. Бесплатниот превоз ќе важи во сабота од 18 часот до 4 часот во недела.

Утре од 19 часот до полноќ затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ на потегот од вкрстувањето со улица „Рузвелтова“ до вкрстувањето со улица „Костурски херои“ и тоа само во правецот од Ѓорче Петров кон Центар, а автобуските линии што гравитираат во овој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот.

Линиите 2, 2А, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 ќе вртат лево на улица „Рузвелтова“, десно по булевар „Илинден“ кон мостот „Гоце Делчев“, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.

Во обратна насока ќе сообраќаат по своите вообичаени траси.

Линиите 4, 7, 15, 21, 21А, 22, 22А и 24 ќе вртат десно на улица „Рузвелтова“, лево по булевар „Теодосиј Гологанов“ кон центар, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.

Во недела поради одржување на уличната трка „Скопје трча 10 км”, во периодот од 7.30 часот до 11.30 часот одредени линии ќе возат по изменет режим на сообраќање.

Целосно затворени за сообраќај ќе бидат: булевар „Илинден“ во двете насоки, од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до улица „Никола Парапунов“, улица „Никола Парапунов“, од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“, булевар „Партизански одреди“ во правец према Ѓорче Петров, од раскрсница со улица „Љубљанска“ до улица „Ангел Динев“ (мост Влајко).

Времено затворени булевар „8 Септември“, од раскрсница со булевар „Партизански одреди“ до улица „Скупи“ ( Хубо маркет), улица „Бледски договор“.

Пренасочени ќе бидат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11А, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.Линиите 2, 4, 11, 11А, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон „Ѓорче Петров“, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол“, ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратен правец линиите ќе возат по својата вообичаена траса.

Линија 8, од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“, ќе сообраќа се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.

Во обратен правец, сѐ до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса. Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.

Линиите 15, 15А и 19, за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе