JП ПОЦ

За 7 дена казнети се 192 непрописно паркирани возила во скопската општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 192 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од 17 до 23 август со „пајак“ возилата на ЈП ПОЦ отстранети се 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 98 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе