ЈСП информира

За 120 денари неограничени возења со градските автобуси во текот на еден ден

Од денеска во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден, соопшти ЈСП. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски). Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.

Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска" (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично), велат од ЈСП Скопје.

Цената на сите останати билети останува иста.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе