Втора тартан патека во Градскиот парк (ФОТО)

Граѓаните на Скопје од денес имаат можност да се рекреираат и на втората тартан патека што е оформена околу големото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот.

 

Оваа патека е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.

„Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1.000 метри. Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново „лед“ осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини - инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад“, изјави на промоцијата на патеката градоначалникот Петре Шилегов.

Тој додаде дека новата тартан патека заради сенките од околните дрвја кои ја штитат од сончевите зраци е поволна за користење и во летниот период кога паркот природно привлекува многу наши сограѓани кои криејќи се од летните температури доаѓаат тука да прошетаат, одморат и да се рекреираат.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе