Град Скопје

Времениот објект на покривот на ГТЦ се демонтира

По одлуката на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на времениот објект на покривот на ГТЦ. Со овие активности ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот, соопшти Инспекторатот на град Скопје.

По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на архитекти и Иницијативата „Го сакам ГТЦ”, град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од покривот е во тек и следната недела ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе