Вработените во ЈСП останаа без плата, од претпријатието уверуваат пари ќе има во наредните денови

Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз, соопштија денес од Јавното претпријатие Скопје. Ваквата реакција следи по фактот што вработените во ЈСП немаат земено плата за септември, а веќе изминува и октомври. Од таму очекуваат дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП

„Веруваме дека централната власт и дел од општините ќе ги исплатат заостанатите обврски кои ги имаат за испорачаната услуга од страна на ЈСП за организиран превоз за одредени категории патници, средства со кои се исплаќа платата за вработените во ЈСП. Очекуваме дека час поскоро ќе ги подмират минатогодишните долгови и тековните обврски како не би се довела во прашање редовната работа на претпријатието. И покрај тешката ситуација, на која никој во државата не остана имун, работиме за јавниот превоз да продолжи да функционира без проблеми во интерес на сите негови корисници“, се вели во соопштението на ЈСП. 

Во меѓувреме, и покрај сите околности, економската криза и констатниот пораст на цената на горивата, висината на цената на билетите остана иста, а нема редукции на возниот ред, додаваат од претпријатието. 

„Во изминативе пет месеци, откако актуелниот в.д. директор ја презеде функцијата, и покрај сите околности и мултимилионските долгови во кое е затекнато претпријатието, се успеа за краток временски период да се решат повеќе затекнати проблеми. Целосно се оспособи и стави во возна состојба целиот возен парк, се презедоа конкретни мерки за надминување на проблемите со нефункционалноста на инвалидските рампи, на 50 возачи им се реши долгогодишниот статус, односно добија вработувања на неопределено време“, додаваат од ЈСП. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе