Вработен во Општина Кисела Вода заразен со ковид-19, петмина други во изолација

Вработен во Општина Кисела Вода е заразен со вирусот ковид-19, а петмина негови колеги се во изолација, соопштија од Општината.

Општинскиот Кризен штаб на денешниот состанок ги разгледувал можните ризици заради настанатата ситуација, а биле донесени и важни препораки како за вработените така и за жителите на општината.

„За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување. Општина Кисела Вода соопштува дека до 12 мај кога завршува карантинот на петте вработени лица кои биле во контакт со заболеното лице, Општината нема да работи со странки“, соопштија од Општината.

Сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви:

Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина

071261194, 075309930, 070 292 962, 078 373 779

Сектор за урбанизам и просторно планирање:

02/2785429 за легализација

02/2785420 за одобренија за градење

02/2785443 за просторно планирање

Сектор за инспекциски работи

02/2785449, 02/2785456, 02/2785465

Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт

02/2785418

Сектор за месна самоуправа

02/2785427

Сектор за нормативно правни работи

070 226 037, 072 314 988

Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3.000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе