Поставени уреди во Карпош и во Лисиче

Воздухот во Скопје под 24-часовен надзор во наредните 12 месеци

На две локации во Скопје денеска се поставени уреди кои ќе собираат примероци за квалитетот на воздухот 24 часа на ден во текот на секое деноноќие во наредните 12 месеци. Со анализа на овие податоци попрецизно ќе се откријат поединечните извори на загадување на воздухот во градот.

Собраните примероци од уредите поставени во Карпош-урбана област и Лисиче-област со индустрија, сообраќај и резиденцијална зона, кои ќе земаат агрегирани 24-часовни примероци на ситните фракции на честички ПМ 2,5 ќе бидат анализирани со користење на референтни методи и строги аналитички протоколи и врз основа на тоа ќе бидат изработени модели кои овозможуваат поврзување на измерената маса на одделни загадувачки материи на дадена локација, со групи на извори на загадување.

Оваа активност е дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, финансиран од Владата на Шведска, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, и со неа почнуваат теренските истражувања во рамките на Студијата за пропорционирање на загадувачите.

Студијата, како што соопштија од Канцеларијата на УНДП, треба да обезбеди информации за поединечните извори на загадување на воздухот во Скопје, како и придонесот на поединечните извори, индустрија, согорување на биомаса, сообраќај, управување со отпад итн. во вкупното загадување на избраните репрезентативни локации, а кои треба да бидат основа за креирање на ефикасни и реални политики за контрола на загадувањето. 

Според најавата, сите предвидени активности ќе бидат во целост извршени согласно „Референтниот прирачник за пропорционирање на изворите на загадување и изработка на рецепторни модели“, издаден од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, а финалните резултати ќе бидат објавени кон крајот на 2021 година.

Како дел од проектот „Справување со загадувањето во Скопје“, во финална фаза е и оценувањето и изборот на околу 100 домаќинства во Лисиче, кои ќе бидат поддржани со грантови до 10.000 американски долари по домаќинство за унапредување на енергетската ефикасност на домовите. Тоа предвидува замена на начинот на греење, замена на прозорци, врати, фасади и покриви и други мерки со цел да се зголеми нивото на енергетска ефикасност и да се намали загадувањето во овој дел од Скопје.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе