На 15, 16 и 17 јуни во период од 11 до 12 часот

Возачите на протест поради ниски плати и тешки услови за работа, од ЈСП велат дека се политички мотивирани

Независниот синдикат на возачите од среда најавува протест поради ниските плати и тешките услови за работи на возачите. Протестот според најавите ќе се реализира на 15, 16 и 17 јуни во период од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје". Од Јавното сообраќано претпријатие велат дека протестот е политички мотивиран и дека ваквите дејствија се мотивирани и на штета на граѓаните.

„Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП Скопје, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз. Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП Скопје на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари. Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто", се вели во соопштението на ЈСП.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе