Општина Карпош

Вонредна дезинфекција на згради во Карпош

Општина Карпош од денеска почнува вонредна дезинфекција на станбените згради кои имаат повеќе од осум домаќинства.

„Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зградата, гелендери, сандачиња и лифтови. Дезинфекцијата ќе се изврши со дезинфекциско средство за јавни површини и домаќинства. Оваа мерка претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици/куќни совети, имајќи ја предвид кризната состојба со КОВИД-19“, соопштија од Општина Карпош.

Вонредната дезинфекција на станбените единици не значи одложување и прекин на другите активности за одржување на хигиената, планирани од станарите. Напротив, наведува Општината, тие треба да се спроведуваат тековно, а особено да се интензивирани во овој период на раширеност на коронавирусот.

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од зградите.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе