„Вон ѕидовите!” - Скопје Прајд на 26 јуни 

Втората Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ), под слоганот „Вон ѕидовите!”. 

Рутата на парадата, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително споделени со јавноста во текот на идната недела.

„Слоганот на овогодишната скопска парада на гордоста е ‘Вон ѕидовите!’. ЛГБТИ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори. Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, овој слоган го посветуваме на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас. Слоганот го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме и чие надминување стана заедничка цел и желба”, соопштија организаторите.

Парадата на гордоста, како што велат, е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта и испраќа порака дека место под сонцето има за секого.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе