ЈП Водовод и канализација-Скопје

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење

Од ЈП Водовод и Канализација – Скопје информираат дека водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, како што покажале и последните испитувања.

„Со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, ЈП Водовод и канализација-Скопје го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 до 15 ноември зеде 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18)“, соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

 

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе