Видот Скарлет Ибис ќе биде жител во ЗОО

Во Зоолошката во Скопје пристигнуваат диви мачки и црвени птици

Од Зоолошка градина Скопје најавија дека наскоро ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис.

Овие видови на животни се доста атрактивни за посетителите и мислам дека ќе биде интересно во Скопје да се видат сервали (мачки) и Скарлет Ибис птици кои се заштитени видови. Секако, нивните живеалишта ќе бидат направени по стандарди и веќе ги подготвуваме за новите жители, изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови на мали мачки, кои го населуваат континентот. Сервалот претежно живее во Африка, во суб-сахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите за жал започна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот.

Птиците од видот црвен Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид.

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе