ЈП Комунална хигиена-Скопје

Во Старата скопска чаршија оштетени се десетина корпи за ситни отпадоци

Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија. Овие корпи ЈП Комунална хигиена-Скопје ги постави во октомври 2019 година на барање на Здружението на занаетчии на чаршијата за да се подигне нивото на хигиената на оваа фреквентна туристичка локација во центарот на градот.

„При поставувањето на корпите за ситни отпадоци упативме порака дека од граѓаните очекуваме со својот однос и постапки што подолго време да ги сочуваат функционални и неоштетени, а денеска апелираме веднаш да престане уништувањето на опремата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, имајќи го предвид фактот дека во текот на 2019 година се опожарени 137, а од почетокот на новата година дури шест контејнери за одлагање на комуналниот отпад“,  изјави Абдусамед Шабани, директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе